02.02.2013
Во саботата беше изведена еднодневна акција на Попова Шапка, во петчлен состав: Алек, Аце, Петар, Дејан и Диме. На истата беше ставен акцент на вежбање на зимски техники.Најпрво направивме сидриште на еден од столбовите на жичарницата кон Церепашина и пробно спуштање на најстрмниот дел од теренот.
Силниот ветар и длабокиот снег, беа главна пречка за успешно реализирање на зацртаните цели во овој дел од тренингот. Остатокот од денот вежбавме поставување на неколку видови сидришта во снег, извлекување, повторување на низа чворови и техники на спуштање.
Акцијата ја завршивме во “Конак” на чај со рум.
Александар Кирковски
Александар Кирковски
Назад кон извештаите