с. Беловиште – Беловишки водопади – Пирибег 13.03.2011

13.03.2011

Овој викенд како да беше предодреден за „окупација“ на Шарa. Во четири одвоени акции на оваа прекрасна планина, вкупно учествуваа 20-тина членови на нашиот клуб. Две од овие акции беа организирани и спроведени во атарот на с. Беловиште.

Приоритет беше ставен на акцијата за искачување на врвот Пирибег (2.538 м.н.в.) во која како учесници се вклучија: Дуле (како водач), Петар (како организатор), Иван, Дејан – БТ, Кире, Димитар, Тихо и Макси само како учесници, обични смртници. Поради атрактивноста на теренот, една друга група која сакаше да биде макар дел од ова искачување, претежно припаднички на поубавиот дел од клубот се организираа за една прошетка до Беловишките водопади (1.590 м.н.в) и тоа Искра (водач), Цаци (организација), Ивани (две), Ирена и Мартин (како логистика и обезбедување).

Главната група негде малку по 06:00 час. тргнавме од Скопје и околу 07:20 час. од пред црквата “Св. Петка” го фативме патот нагоре. Времето на стартот малку доумерено облачно и тивко. По час и половина стигнавме до скршнувањето од патот кој води кон Ливадички Врв и кон водопадите. Нормално, ние лево свртевме кон водопадите низ обезглавената шума и дрвена лавина. Имено, така ми дојде да го наречам делот од шумата каде само врвовите од дрвата беа паднати и легнати по падината, создавајки ни проблеми при движењето по патеката. Кај горниот водопад стигнавме по околу 2 часа пешачење од стартот. Видиковецот како створен за погледот на водопадот, на кој мислиш рацете ке си ги измиеш. Мала фото сесија и закрепнување и продолживме покрај реката, бидејки не чекаше уште пат. Следната поголема пауза ја направивме штом излеговме од шумата, спремајќи се за крајното искачување.

Снегот почнавме да го газиме асално, веќе пред крајот од излезот од шумата. По реминувањето на рекичката, започнавме да се искачуваме кон врвот, каде снегот веќе постојано околу нас и на водичите им преставуваше пречка при разгазувањето, но секако и добар кондиционен тренинг на останатите.

Времето почна да се расчистува, се појави Сонце и создаде бајка од форми и сенки на фигури, создадени од ветер на ова искачување. Со мали паузи, на врвот се искачивме околу 13:30 час. со темпо приспособено на сите. Скулптурите кои ветерот ги направи на врвот на објектите беше предизвик за оние со добро око на фоткаџии.

Иако не беше многу ладно и не дуваше силен ветер, сепак, по кратко задржување се симнавме до старата и разрушена караула на помирно време за доручек.   По снегот надоле се симнувавме доста брзо, се до шумата каде поради многуте гранки и паднати дрва го намаливме темпото. Инаку, цело време бевме во контакт со другата група која отиде по маркираната патека од с. Беловиште кон водопадите.

Бидејќи таа група имаше пократок пат, ни обезбеди логистика во ресторанчето со рибник, под црквата “Св. Петка”, кое ни беше собирно место пред тргнувањето кон Скопје, но и место каде ќе се напиеме топли пијалоци. Препорака до сите кои идат на овој терен е да го посетат задолжително ова катче!

Се на се, убава акција на која времето не послужи таман колку што треба. Благодарност кон водачот, кој го дозираше темпото приспособено до сите учесници. Технички гледано низ призмата на податоци: патеката во двата правци е долга 9.8 км со висинска разлика од 1.784 м.н.в. и се ова изодено за 10 часа.

Макси

Назад кон извештаите
  • Vrsnik Step Marketi Velo Helo FPSM Bonita Alga San Alga San Sport Lab ProCredit Bank