Клубски достигнувања

Бегово поле

(2008 - 2012)

Пет години по ред ПК Македон успешно ја организираше масовната планинарска забава на Бегово Поле на Јакупица. Настанот почнувајќи од 2013 година е преместен на падините на Бистра во селото Беличица и се организира во втората половина на месец јуни.

Планинарска забава во Беличица

Првата планинарска забава на Беличица се одржа викендот 22-23.06.2013 година, како продолжение на низата успешни забави на Бегово Поле. Оваа забава претставува традиционална клубска активност и се организира во втората половина на јуни, на падините на планината Бистра.

Учество на традиционални планинарски настани

Покрај самостојните акции, клубот редовно е присутен и на сите позначајни организирани традиционални планинарски настани во нашата земја. Меѓу нив може да ги издвоиме: маршот во чест на Димитар Илиевски-Мурато на Пелистер, традиционалното искачување на Голем Кораб по повод денот на независноста, маршот “4 алпинисти“ на Солунска Глава, традиционалните искачувања на Љуботен и Титов Врв, пролетниот марш Богомила-Водно, февруарскиот поход на Плачковица и многу други.

Триглав 2864 мнв.

(2010, 2012 и 2013 година)

Пирин планина - Вихрен 2915 мнв.

ПК Македон досега има реализирано неколку успешни искачувања на највисокиот врв на планината Пирин, Вихрен 2915 мнв, како и на останатите повисоки врвови на оваа планина.

Олимп 2918 мнв.

Секоја година ПК Македон во месеците јуни/септември организира искачување на највисокиот врв на планината Олимп, Митикас 2918 мнв. На овие планинарски акции од страна на членовите на ПК Македон искачени се и врвовите: Стефани, Сколио и Скала.

Мусала 2925 мнв.

ПК Македон уште од своето формирање секоја година организира искачувања на највисокиот врв на Балканот, Мусала 2925 метри. Досега се реализирани поголем број на успешни искачувања на овој врв, како во летни така и во зимски услови.

Гросглокнер 3798 мнв.

Од 13-19.07.2015 ПК Македон организираше акција за искачување на највисокиот врв во Австрија - Гросглокнер (3798 мнв.). Учесници на акцијата беа Александар Кирковски, Дејан Тодевски и Димитар Јовановски.

Матерхорн 4477 мнв.

(2012 и 2013 година)

На 22.08.2012 година Дејан Крле (ПК Македон) заедно со Зоран Мајсторски (АК Плоча) успешно го искачија врвот по гребенот Хорнли / Искачување на врвот од швајцарска страна по гребенот Хорнли, од страна на Александар Кирковски (ПК Македон) и Бојан Митаноски (ПК Кораб), изведено на 21.07.2013 година

Цумштајншпиц 4563 мнв.

(2011 година)

Искачување на врвовите Цумштајшпиц 4563 мнв и домот Маргарита 4554 мнв на масивот Монте Роса од италијанска страна, од страна на Дарко Јанески, Александар Кирковски и Андреј Новак.

Мон Блан 4810 мнв.

(2008, 2012 и 2013 година)

Искачување на Николчо Петров (ПК Македон) заедно со Мине Павловски – рута Де Гуте, 26.08.2008 / Искачување на двајца членови на ПК Македон, Александар Кирковски и Петар Ивановски, на 31.07.2012 по рутата Де Гуте / На 31.07.2013 успешно искачување на врвот по рутата Де Гуте од страна на Александар Кирковски, Јордан Топкоски, Ане Тошевска, Марија Хаџи-Ристова и Дамир Смајловиќ

Елбрус 5642 мнв.

(2013 година)

Успешно искачување на највисокиот врв во Европа, Елбрус 5642 мнв, од страна на членовите на ПК Македон: Петар Ивановски, Дејан Атанасов, Душко Христов и Виктор Симовски. Искачувањето беше реализирано во рамки на експедицијата на ПД Балкан од Србија.

Ленин Пик 7134 мнв.

(2011 година)

Учество на Николчо Петров (ПК Македон) на експедицијата на БМУ на Ленин Пик 7134 мнв, на планинскиот масив Памир во Киргистан.

Аконкагва 6963 мнв.

(2010 година)

Успешно искачување на највисокиот врв на Андите, воедно и највисок врв надвор од Азија, од страна на Глигор Делев и Слободан Делев.

Хималаи

(2009 година)

Учество на Николчо Петров на експедиција на Хималаите и успешно искачување на врвовите Ајланд Пик 6189 мнв и Чукунг Ри 5550 мнв.

  • Vrsnik Step Marketi Velo Helo FPSM Bonita Alga San Alga San Sport Lab ProCredit Bank