Членство

Што е потребно за да станам член на планинарскиот клуб Македон?
Најпрво е потребно да ја сакам планината и природата, а потоа да имам желба да одам на планина и да се дружам со луѓе со кои вистински ќе ја доживеам и откријам и тоа во правилна насока без разлика дали кон планината ќе настапам професионално со цел постигнување врвни резултати или едноставно ќе бидам тука за да уживам во убави прошетки и дружења.

Потоа за да бидам дел од Македон се плаќа членарина еднаш годишно (која важи во период од една календарска година до 31 декември во тековната година) и таа изнесува 500 денари за сите членови над 24 години, за студенти до 24 години и под 16 години (потребна согласност од родител) е 300 денари. За нови членови кои немаат планинарска книшка се доплаќа 50 денари. Потврда од спортска медицина дека сте способни за спортски активности не е потребна, меѓутоа се препорачува еднаш годишно да се оди на преглед. Членарината се уплатува преку уплатница (ПП10), примач ПК Македон, банка на примач – NLB Банка, и жиро сметка – 210063535500109.

Членови кои првпат ќе уплаќаат членарина од 1 септември, членарината изнесува 300 денари.

За да бидам дел од ПК Македон, треба да ја пополнам пристапницата (која е достапна подолу на копчето „Зачлени се“) и да платам членарина која важи една календарска година.

Доколку сте корисник на електронско банкарство од Вашата банка, може да направите онлајн уплата преку вашиот мобилен телефон, а после уплатата испратете ни screenshot од уплатницата на апликацијата.

После уплаќањето, известете не на официјалниот мејл на клубот поради подигнување членска книшка и маркица за тековната година.

Uplatnica Kniska

Зачлени се
  • Scout Nomad Mobility Garmin Intersport Step Marketi Stop&Go