За нас

Ова е официјален вебсајт на Планинарскиот клуб Македон од Скопје, Македонија.

Основачкото собрание на клубот е одржано на 02.04.2008 год. во салата за состаноци на општина Карпош. Целта на клубот е омасовување на планинарството посебно со млади членови, и создавање на комплетно планинарски образовани членови, без разлика дали се занимаваат рекреативно со планинарски спортови или активно со намера да постигнат врвни резултати.

Структурата на членови е различна, од искусни алпинисти и планинари до млади членови со мало искуство. Просечната старост на членовите на клубот е 31 годинa. Наш најистакнат член е Слободан Јованоски – Боби, член на Македонските Хималајски експедиции од 80-тите години.

Во изминатите шест години постоење, членовите на ПК Македон имаат реализирано и поголем број на искачувања надвор од границите на Македонија и тоа: Мон Блан во неколку наврати, Елбрус на Кавказ, Матерхорн, Аконкагва, Ајланд Пик, Ленин Пик и други.

За планинарското образование на своите членови, ПК Македон има формирано посебна комисија која организира предавања и теренски вежби, и тоа предавања после секој втор состанок на клубот, и теренски вежби соодветно со теоретските предавања.

Зачленувањата во клубот се прават на редовните состаноци. Членарината за 2021 година изнесува 500,00 денари и потребно е да се уплати на клубската жиро-сметка на NLB Банка: 210063535500109

Извршен одбор

Петар Ивановски 075 322 059 Претседател
Хелена Андонова 078 380 298 Секретарка
Бојан Киров
Александар Кирковски
Сања Премческа
Драгана Урумовска
Филип Симоновски

Надзорен одбор

Славица Јошева
Марија Велевска
Билјана Смилевска
  • Scout Nomad Mobility Garmin Intersport Step Marketi Stop&Go