Датум: 11 септември 2024
Повеќедневна тура со преспивање
Стартна точка на оваа тура е од с. Маловиште (Битолско), околу 2 и пол часа движење по средно-лесна патека до црквичката Св. Спас на 2000 м.н.в., оттука може да се искачи врвот Вртешка (2010 м.н.в).
Оттука се движиме по сртот кон Мала Чука (2009 м.) и Голема Чука (2179 м.), претежно рамна изохипса, а од десна страна поглед кон Преспанско езеро.
Од Голема чука се движиме по седло до широкиот пат за џипови кој води до Големо езеро (2218 м.). Преспивање во домот на Големо езеро.
Следниот ден се упатуваме кон врвот Голема Грива (2215 м.) по рамна лесна широка патека, а потоа по безпатје кон врвот Муса (2351 м.) каде ќе направиме пауза. Од тука по каменест гребен се движиме кон каменестиот врв Скрково (2146 м.) кој се искачува по необележан камењар, и се спуштаме од другата страна од каде не води патека до врвот Неолица (1865 м.).
Неолица е последниот врв на оваа тура, оттука се спуштаме во шумата до пл. дом Неолица каде правиме пауза за ужина и потоа последно движење низ шума до Смолево.
Должина на патека: околу 35 - 40 км
Активно движење дневно: 8 - 9 часа
Потребна опрема: добро разгазени високи обувки, планинарски штеки, облека за летно движење во планина, наочари за сонце, крем за сонце, исхрана од ранец