17.03.2012
Шест члена група дополнета од две кучиња под иницијатива, организација и водство на Бојан, во саботата, 17.03.2012 бевме „од другата страна“ на Матка. Тоа е десниот дел, од кај трите цркви, што нагоре се продолжува кон портите на стрелиштето Јасен, па уште понагоре кон сртот на Сува Гора со повеќе безимени врвчиња.
Времето беше преубаво. По пат имавме потешкотии со следењето на патеката бидејќи таа беше покриена со снег во кој на моменти пропаѓавме и до колена, исто и со млади гранчиња кои исто така ни го отежнуваа движењето. Веќе кога излеговме над шумата, на сртот беше друга приказна. Прекрасното сончево и чисто време, видливоста во далечините ни овозможи прекрасни глетки и фотографии кон највисоките врвови до половина покриени со снег, од една страна Шарпланинскиот масив, од друга Козјак и Јакупица. Јас и Ивана останавме на второто врвче, одмаравме, фотографиравме, уживавме и споделувавме по телефон, а Александра, Мартин, Бојан 1 и Бојан 2 заедно со кучето на Ивана и неговиот посинок од Матка продолжија и искачија уште некој врв.
На враќање не собраа и тргнавме наназад со побрзо темпо. Делот со снегот кој беше многу влажен и длабок го поминавме за брзо време низ еден дол. После тоа веќе бевме на „суво тло“. Малку цедење на опремата, колку да не изгледа како да сме проаѓале преку река, и ете не кај колата.
Се на се, убава пролетна прошетка со потсеќање на зимата.
Веќе следниот ден некои од учесниците ги чекаше еден Остри врв.
Искра
Назад кон извештаите