10.05.2010
Како претходница на активностите кои не очекуваат по повод забавата на Бегово Поле, бевме решени да ги испитаме сите опции како на гостите би им пружиле нешто ново. Поради тоа, по веке напревен договор, ние 12 члена на КПС „Македон“ во неделата на 10.05.2010 година по едно прекрасно време, од с. Црешево по за нас подолго време неиспитан терен, тргнавме кон домот „Караџица“.
Со три возила од зборното место кај новата железничка станица се упативме кон с. Цветово, до кое се стига по добар асфалтен пат. Во 08.15 по добиените насоки од некои од мешатните се упативеме нагоре кон „неговата“ нива со компири. Стазата не водеше по убава стаза низ шума покрај чешма со поило и прекрасни ливади се до втората чешма на ливадата и нивите со компири под предавателите. Малку одмор со појадок ни дојде како кец на банка. Водичката што буќкаше од цревото само ни го отвори апетитот. Малку овошје, малку зеленчук, неодминливото Томатело и со пуни мешиња продолживме кон Празни Торба водени од гласот на Аким преку телефон.
Кај следната ливада скршнавме налево кон стазата која не одведе право кон Аљагичка Река. Мала но ладна река која моравме да ја прегазиме. На две места, по избор на гледачите, дали пократко и подлабоко, или подолго во поплитко, си ги наквасивме ниџињата. Вода водичка ладна ледена … ни дојде како анестезија. Грч. Покрај оваа рекичка надолу наидовме на друга река, Кадина, преку која се поставени два балвана како мост. Креативноста, храброста и рамнотежата дојдоа до израз така да видовме, мислам, 18 разни пози на миниување река. Мисијата беше успешна и без мокри делови, освен 4 ноги кои повторно ја одбраа таа варијанта на газење.
Веке полека се назирање запуштената патека која водеше до патот од Алдинци кон домот, но по едно време падна одлука од Анета – или право нагоре или ја не идам. Да бидам искрен не му ја мислевме многу, напротив сите потајно тоа го посакувавме но требаше некој да не бутне. Право нагоре по стрмина … машала стрмина, за кракто време се искачивме до патот по кој до домот Караџица стигнавме за половина саат.
Она што е награда за сето ова одење од околу шест часа е сигурно домот и прекрасниот поглед кој се пружа наоколу од неговите тераси. Го заслуживме тоа сигурно. А заслуживме и да си прилегнеме малку на бетончето, да к’снеме по нешта, мала здравица и еден краток но плоден договор со домакините. Одморот од околу два часа добро ни дојде во секој случај.
За назад се договоривме да одиме преку Алдинци и со тоа го завршиме кругот кој го отпочнавме утрото. Иако ноќта се наближуваше, не пропуштивме прилика да си полегаме и да си легнеме на белата и жолтата ливада под селото. Убавина од која тешко се разделивме. Низ шумата надоле кон Кадина река патот го поминаме доста брзо. Преку мостот на тој дел од реката беше да се помине како преку Камени Мост. Тоа широко бре. Како затишје пред бура, бидејки не очекуваше пак едно стрмно искачување кон патот кој води од Круша кон Празни Торба. Тоа го „изедовме3 за помалку од саат време не пропуштајки прилика да фрлиме поглед кон неопишливата убавина на планините карши како и кон Солунска Глава која цело време се гледаше како ретко дотогаш.
Е, кога искочивме на патот се беше друго – тепање пат добри два ипол часа. Бидејки ноќта не фати „неспремни“ си го изодевме целиот пат по пат, мада селото го гледавме цело време под нас. Договор си е договор. Во 21.30 – крај на почетна точка.
И покрај долгото пешачење немаше човек од групата кој не беше задоволен од целата тура. Стазата низ шума, прекрасните ливади и чешми, реките кои мораа да се прегазат, верувам дека на сите ке им остане во сеќавање. За домот Караџица не правам муабет ама ич. Би сакал да ги пофалам сите учесници, почнувајки од фотографот Никола, Верче брачната му сопатничка која за оваа тура остави сами две малолетни дечиња, супер мамичка Марија, домашните гости од Италија Ана Брачо и фратело Иван, мирниот и сталожениот Тони и уште помирната Ленче, повратникот во планина гимнастичарката Бети, двете девојчиња кои секогаш се насмеани, главнокомандујуќи Преседател Искра и, во оваа прилика самата и ранета Ивана, човекот кој секогаш мора да најде нешто да промрмори но со одлуката „планината мора да падне напреку“ не спаси од досадно следење пат – Анета, па се до мене, нормално најдобриот, најшармантниот, напаметниот и најубавиот, што да ви правам сам си го пишувам ова – Макси.
Во секој случај прекрасна туричка која, иако ни пружи 11 часа пешачење, мора да се повтори во скоро време и се надевам во исто така прекрасно време и друштво кое годеше на сите нас.
Назад кон извештаите