18.01.2009
На ден 14.01.2009 г., во 19.30 часот се одржа состанок на планинарското друштво Македон. По едночасовна дискусија окулу идните планови за 2009 г, се донесе одлука да се искачи планинскиот масив Галичица за време на викендот.
Со реализација на предвидената тура, започнавме во сабота на 17.01.2009 г. Во 11.30 часот четиричлена група составена од мене, Мартин, Искра и Елена со автомобил се упативме за Охрид. На патот за Охрид разговаравме, како ќе се одвива турата, користејќи ги топографските и географските мапи, подготвени од страна на Мартин. По направената кафе пауза и стандарната мекица на Стража, продолживме со патот. Во Охрид пристигнавме некаде окулу 14.30 часот. Удобно се сместивме во станот на Мартин, кој имаше прекрасен поглед на Галичица. Денот го поминавме со прошетка покрај кејот на Охридското Езеро, снабдување со намирници од градскиот маркет Тинекс, и разговор како ќе започнеме со утрешната тура. Легнавме окулу 11.00 часот.
Недела 18.01.2009
Станување во 05.30 часот наутро. Станувањето беше тешко, но сепак целта не не одврати од предвидениот план. Со такси се упативме кон селото Велестово, кое се наоѓа на надморска височина од окулу 800 м. Потоа продолживме по предвидениот план, и се упативме да искачиме еден од повеќето планински врвои. По неколкучасовно одење, по не толку стрмните патеки решивме да направиме починка окулу 10.30 часот, со неколку чаши чај ,неколку направени сендвичи и две три мандарини. Тука се наоѓаше и едно прекрасно заледено езеро, по кое се потрудивме да направиме неколку фотографии, а воедно и неколку егзебиции, замислувајќи дека сме на лизгалиште. По починката, се упативме да искачиме еден од планинските врвови. Искачувањето беше отежнато поради длабокиот снег, а поссебно за мене и Искра, кои заостанувавме неколку минути пред останатите поискусни членови. Сепак упорноста се исплатеше и иако малку потешко, за неколку часа, со мали споразични паузи, се искачивме на еден од планинските врвови со надморка височина од окулу 1800 м. Таму направивме пауза. Најинтересно беше фотографирањето на Мартин со македонското знаме, кој замислуваше дека се искачил на Мон Блан или можеби на Монт Еверест. По кратката пауза, освежени со суви сливи и Плазма, се упативме кон конечната дистанција симнување кон Пештани окулу 13 часот. Во Пештани стигнавме окулу 15.30 часот. Турата заврши со пристигање во станот, и враќање за Скопје окулу 19.00 часот. Сите членови кои учествуваа во акцијата беа задоволни и планинската експедиција се одвиваше во најдобар ред, со меѓусебно разбирање и високо ниво на комуникација.
Пишува: Даниел Аврамов
Фотографии: Искра, Даниел, Елена и Мартин
Назад кон извештаите