24.02.2013
Во договор со Анита, Душко, Петар, Дејан и Диме, тргнавме од Драчево со план да одиме од Патишка Река кон врвот Убава, по сртот од источната страна на селото.Но, времето не ветуваше многу убава прошетка од таа страна. Целиот тој пат беше во тежок сив облак, па Дуле предложи да се оди од другата страна, спрема Миленков Камен.
Прво ја поминавме реката и почнавме да се качуваме во шума, каде брзо се сретнавме со прилично длабок снег. Не беше длабок за Дуле и Дејан, кои го пробиваа патот, но за нас, пониските луѓе, беше доста над колената на некои места. Сепак, полека стигнавме до боровата шума каде се воодушевувавме на некои прекрасни стари борови. Врнеше се посилно, измешан снег и дожд. Но, како што излегувавме од шумата, силниот ветер изгледа ги издува дождливите облаци и малку ни се отвори погледот. Сепак, сите врвови околу нас беа скриени, но тргнавме во една долина во правец на Миленков Камен.
Со Анита, Дуле и Петар имавме неколку фото-сесии горе. Опкружени со снег и со сиви облаци во позадина, фаќавме откачени пози, рипавме координирано и паѓавме во снегот. Можеби му одговараше на небото нашето глупирирање, оти цели 2 минути ни пушташе малку сончеви зраци преку облаците. Целта што ни ја зацрта Дуле не беше врвот, туку долина, каде стигнавме до едно бачило, покриено со снег. Се напивме топол чај и моравме назад, правејќи кратка пауза за да погледнеме кон Остар Врв, кој се уште беше во темен облак. Боровата шума покриена во снег, придонесе да се склопи волшебен пезјаж. Веќе немаше дожд и многу весело и брзо се симнавме до селото, каде што успеавме некако да скратиме и да го избегнеме најкалливиот дел од патот.
Иако не беше баш тоа што го планиравме, и покрај релативно кратката планинарска тура, се вратевме кон Скопје задоволни.
Сали Браутон – Мицова
Анита и Дуле
Назад кон извештаите