13.02.2011
Одлична прошетка недалеку од Скопје. Во неа 11 учесника, расположени за разговор и смеа, најповеќе благодареќи на Урош и Пепи кои што прв пат не дружеа.
На чело на колоната беше Дуле, потоа Диме кој во чекор го следеше, Мартин и Ивана, Кире, Александра, Соња, Пепи,Урош, Петар и Јас. Многу кал на почетокот (и еден слободен пад во него, не ја издавам личноста), малку мраз (кој не успоруваше малку), снегче на кое творевме мисли и цртежи. Прекрасното сончево време не задржа на врвот речиси саат време, па по околната патека која води до разрушениот дом Китка се упативме до почетната точка, селото Горно Количани каде што не чекаше Решат со минибусот. Патот сега е одличен. Сосема нов до долно и коректен до горно Количани. Дома сите среќни и задоволни.
Морам да напоменам дека прекрасната атсвера за време на движењето ни ја нарушија неколку истрели на пиштол од лица кои ги поминавме и отпоздравивме само 100 метри претходно, во делот пред да свртиме накај домот Китка. Не беше пријатно.
Тоа е се, до следен извештај,
Искра
Петар
Назад кон извештаите