17.02.2013
Како што беше најавено на состанокот на ПК “Македон”, се организираше еднодневна планинарска акција на Китка.
Појдовме од Скопје од паркингот кај поштата на Нова железничка станица во 07:00 часот со организиран превоз – комбе. Вкупно имаше 18 учесници.
Од поаѓањето од село Горно Количани до планинарскиот дом Китка, пешачевме два и пол часа. Една поголема група се одвои и отиде до врвот Красна, додека една помала група остана во дрвените куќички околу домот.
Во меѓувреме, пристигнаа Александар Кирковски и Деско, кои ја поминуваа трансверзалата Македон, од с.Ореше – планинарскиот дом &ldquo Чеплес&rdquo – Солунска Глава-дом Караџица – дом Китка до с. Горно Количани.
Откако се собравме сите, тргнавме до с. Горно Количани, каде не чекаше организираниот превоз кој не однесе до Скопје.
Атанас Стојковски
Душко Христов
Назад кон извештаите