Драги наши пријатели, следачи и планинари,
ПК Македон по повод денот на славјето на нашето „Свето царство”, спортски и социјален терен – 11ти декември, Денот на планината – решивме да направиме конкурс за три најдобри фотографии инспирирани од моменти на нашите планини, кои вие низ вашите патувања сте ги овековечиле.
Некој слика на платно, некој со очи ги врежува в себе пејсажите и моментите, а некои тоа вешто го прават со своите камери. Услови и критериуми за аплицирање:
Вашите избрани дела испратете ни ги најдоцна до 09.12.2021 до 12:00 часот на нашиот e-mail sliki.makedon@gmail.com со поднесување на:
Избираме вкупно три фотографии за прво, второ и трето место.
НО ТОА НЕ Е СЕ!!! Соодветно на првите три пласирани, спремивме интересни награди што се надеваме малку ќе ве поттикнат и мотивираат да ни испрaтите фотографија:
1. Прво место:
Вредносен ваучер од 3,000.00 денари oд кај нашите пријатели Scout Outdoor Shop.
2. Второ место:
Бидејќи секогаш ни претставува големо задоволство да поддржуваме млади и локални иницијативи/бизниси, а особено предводени од жени, авторот на второпласираната фотографија ќе биде награден со интересна топографска мапа од врв по негов/нејзин извбор. Мапата е насликана на платно од креативното катче на @Podari Planina.
3. Трето место:
Оваа година нашата Федерација за планински спортови издаде еден сеопфатен, стручен и навистина квалитетен прирачник, кој е убаво секој планинар да го поседува. Токму затоа, овој прирачник – UIAA прирачникот за планинарење на македонски јазик – ќе му биде доделен на добитникот на третото место. Ова навистина ќе му послужи на секој кој сака да се афирмира во овие спортови.
Добитниците на првите три места ќе ги објавиме на Денот на планина, 11 декември на нашите социјлни мрежи. Ве охрабруваме да се пријавите!