24.07.2010
Со два автомобили Дуле, Даре, Мартин, Емилија, Ивана и јас на 24 јули се упативме кон Старо село. Планот беше да се ужива во убавините што ги нуди крајниот северен дел на Шар планина.
Од старт двајца кондиционо поспремни членови на Македон, Дуле и Даре, решија прво ќе го искачат Љуботен и потоа сите заедно ќе продолжиме кон Ливадичко езеро кое се наоѓа на Косовска територија. Останатата група до договореното место стасавме преку камењарот под Козја карпа. Оттаму за околу 2 часа, прво по изохипса, која малку спушташе, па подоцна по стрмно искачување уживавме во погледот што го нуди Ливадичко езеро. До него не слеговме поради наглото наоблачување. Темниот облак во правец Љуботен – Пирибег и електричното празнење проследено со грмотевици кој што предизвикуваат несигурност и непријатност не дозволија да се оствари желбата на Емилија да се враќаме по сртот. Во домот стигнавме пред 18 часот каде не чекаше топла чорба и симнување кон Старо село па кон Скопје.
Замалку ќе заборавев! По патот до домот ги изедовме и сите јаготки и малинки, а ги имаше многу.
Марија
Даре
Назад кон извештаите