22.04.2012
Во рамки на проектот за маркирање беше организирана еднодневна работна акција на Китка. Појдовме во недела наутро во 7:00 часот од паркингот пред поштата на Железничка станица со комбе, а групата броеше осум членови: Аце, Весна, Алек, Петар, Дуле-Шулц, Лина, Оле и Ирена.
Во село Горно Количани бевме во 8 часот и по кратка подготовка акцијата започна. Еден беше задолжен за расчистување на патеката, додека останатите маркиравме со бела и црвена боја. Кај домот на Китка пристигнавме околу 13:30 часот и направивме пауза за ручек.
Нешто подоцна пристигнаа и првите планинари кои минале по тазе маркираната рута, тоа беа двајца германци кои за прв пат беа на Китка и упатија пофални зборови за сработеното. Околу 16 часот продолживме со маркирање кон Преслап, каде не чекаше комбето за назад. Во Скопје пристигнавме во 19 часот и овој прекрасен работен ден се заврши со по едно студено Скопско во една од локалните меани.
Алек
Лина
Назад кон извештаите