18.10.2008
Недела 18.10.2009 година. Облачно со огромна шанса да заврне, но сепак договорот за на Миленков камен се испочитува и во седум часот наутро девет души со две коли се упативме за Патишка река. Дејан, Дарко, Дуле, Денко, Мила, Марија, Макси, Игор и Кица. По патот за до Патишка река и потоа на враќањето до Скопје едно мал број милион пати, товарење, растоварање, пакување, распакување, зипување, планинарот во една кола, ранецот во друга, едната кондура ваму другата таму, оревите во скут, насмевка на лице и од сето тоа дома си дојдов со една зелена и една црвена штека (нека се јави сопственикот) . А погледод – моја Швицарска. И тоа само на четириесетина километри од центарот на Скопје. Есен во вистинска смисла на зборот, се прелеваат боите на листовите – од жолта преку црвена до зелена. Во сите можни нијанси. А тука е и дождот. Па нели е есен, го очекувавме. Не пречека уште по симнувањето од колите во Патишка река и не пратеше цело време до враќањето во Скопје. Одлична можност да си ја провериме издржливоста на новата водотпорна опрема. Кабаници, јакни, пантолони. Крајниот резултат (по едно седум саати упорност) сите мокри. Што од дождот, што од кондензација.
И така од Патишка река прво ја поминавме шумата, па излеговме на простор со прекрасна глетка, го качивме седлото за до Миленков камен, но не стигнавме до него. Само Денко се качи (односно рече дека се качил) а ние останатите се задоволивме со околу 2000 метри надморска височина. Се спушти магла, заврна и снег а и почна да дува. И следуваше враќање назад, малку побрзо од качувањето нагоре.
Во мислите се навраќам на тури кога времето е ептен погодено, кога застануваме на муабет и нигде не брзаме. Само уживаме. Ми се изнудува насмевка присетувајќи се на прашањата на локалните овчари &bdquo А ве плаќаат за ова?&ldquo, мислејќи за нашето скитање по планините. А што ли си помислуваат кога не гледаат по вакви временски услови? Но сепак ние си уживаме. На моменти не го ни забележувам дождод се додека вибрирањето во главата од ударот на кабаницата на некоја поголема капка не ме потсети дека всушност врне.
Убаво поминат ден, а за мене ова беше и ново откривање на убавините на нашата ни Македонија.
Пишува: Марија
Назад кон извештаите