22.02.2009
На 22.02.2009-та година, на 40-тина километри од центарот на Скопје над Патишка Река на Планината Караџица во правец кон Остри врв се случи оваа зимска магија и сказна која е многу ретка комбинација, а која ја почувствуваа осум среќни планинари.
Остри врв(нашата цел) не беше искачен но зимата, снегот, пробивањето, шумата, снежните тунели, зајакот, бачилото, масивите, погледот, сонцето, изворот, мразулците, реката…направија ова доживување да изгледа токму онака како идеално поминато зимско претпладне, кое верувам и знам дека секој од нас ќе го носи длабоко во себе.
Дел од оваа магија се гледа на приложените фотографии, а другиот дел останува во срцата, мислите и телата на самите планинари.
Пишува: Марин Стојановски
Фотографии: Душко, Дејан
Назад кон извештаите