17.10.2008
На 17.10.2008 год. еден дел од членовите од КПС Македон отидоа на Пелистер. Со возот од Скопје до Битола, па со такси до Хотел Молика. По кратко пешачење стигнаа во планинарскиот дом Копанки каде се сместија. Утредента, сабота 18.10.2008 тргнаа кон врвот Пелистер по патеката по Камењарот. По неколку часа пешачење, стигнаа на врвот Пелистер- 2601м. надморска височина со прекрасен поглед кон Големото и Мало Преспанско езеро на западната страна, како и Пелагониската котлина од источната страна. По кратката пауза на врвот, се вратија назад во домот по патеката – Вртешка.
Неделата 19.10.2008 беше направена мала прошетка до местото Јоргов камен, каде се направи една пауза и уживање во природата. Потоа се вратија во домот каде ручаа, се спакуваа и полека се упатија кон Хотел Молика, каде со такси се вратија до Битола. Таму се качија во возот за Скопје.
Пишува: Игор Јовчевски
Назад кон извештаите