Прва акција во новата година, Бориславец 2675 мнв (03.01.2014)

03.01.2014

По завршувањето на новогодишните прослави, јас – Дарко, Алек и Петар, рано наутро во 6 часот тргнавме кон Ново Село со цел да го искачиме врвот Бориславец. Во селото пристигнавме околу 8:00 часот и по малите подготовки и разменувањето по некој збор со мештаните се упативме кон нашата цел.Времето беше сончево и доста топло, што ретко се случува во овој период од годината. По пешачење од околу час и половина, пристигнавме на Боговињското Езеро и на патот кон него имавме прекрасна глетка од соседните врвови, па дури успеавме да го видиме крстот на Водно поради кристалното чисто време.

По малиот одмор на Боговињското Езеро почнавме да го искачуваме врвот, каде што на првата стрмнина наидовме на длабок снег, во кој многу се пропаѓаше и доста го забави нашето темпо. Ваквото отежнато движење траеше во текот на целото искачување, се додека не искочивме на сртот која води до последната косина пред самиот врв Бориславец. По сртот се движевме цело време во магла, која се расчисти во оној момент кога пристигнавме на врвот и ни дозволи да направиме неколку фотографии.

На врвот пристигнавме околу 2:30 ч. по 6 часа напорно искачување. По малата пауза, почнавме да се спуштаме од другата страна на врвот по сртот кој дирекно не води во Ново Село. Оваа патека е доста пократка и за помалку од 3 часа пристигнавме на местото каде што ни беше паркирана колата, и околу 18 часот се упативме кон Скопје.

Дарко Јовановски

Петар Ивановски

Назад кон извештаите
  • Vrsnik Step Marketi Velo Helo FPSM Bonita Alga San Alga San Sport Lab ProCredit Bank