СКОПСКА ЦРНА ГОРА

12.07.2009

По претходен договор на членовите на КПС Македон (оние кои што не отидоа на продолжениот викенд на Кораб и водопадот таму) се договоривме во Недела на 12,07,2009 да се прошетаме по Скопска Црна Гора.

Бидејки решивме да одиме од с.Љубанци преку врвот Црна Камен до с.Бродец, претходно се информиравме за автобуските линии на ЈСП заради летниот ред на возење. Значи, во летниов период има само еден автобус бр,47 кој што поаѓа од Нова Железничка во 05,30 часот наутро за с.Љубанци и тој е единствен автобус друг нема до наредното утро во исто време. Затоа решивме да идеме со автобус бр.57 до последната станица во Радишани а од таму на секои 30 мин има комбиња на ЈСП што возат до с.Љубанци. Ова е корисна информација за сите што сакаат да идат летово на Скопска преку с.Љубанци.

За турата:

Во 07.00 часот се собравме 6 души на последна 57-ца во Радишани. Таму не чекаше нашиот водич, човекот ЛЕГЕНДА кога е во прашање Скопска Црна Гора – чичко Спиро.

Во 07.30 тгрна комбето на ЈСП за с.Љубанци и после 15 мин возење стигнавме во с.Љубанци.

Во 07.45 тргнавме да пешачиме. Чичко Спиро (76 години), одбра и патека и темпо кое им одговараше на сите во групата. А во групата бевме:

1. Славка (сестра му на Борис, девојкава првпат у живот планинареше и издржа јуначки. Браво Славка.

2. Борис (човекот задолжен за озвучувањето на Бегово Поле и брат на Славка нели)

3. Ивана (девојката на Мартин) секогаш супер расположена и многу позитивна личност.

4. Мартин (дечко и на Ивана и мој компањон за Скопска). Од сега јас и Мартин сме официјалните водачи за Скопска хахаха.

5. Друже Дејан (човек со посебна харизма, кој не го знае пропуштил многу) и мој најбољи другар заедно со уште еден Дејан. Овој вториов не не дружеше.

6. Јас Бојан Киров Jimmy.

7. Чичко СПИРО – човекот кој ја знае Скопска Црна Гора како сопствениот џеп. Прекрасен човек на кого во оваа прилика му благодарам што ни овозможи прекрасна прошетка.

10.20 часот стигнавме на месноста Бел Камен (1650 мнв), тоа е една бела карпа која се наоѓа некаде таму ама незнам баш да објаснам точно. Тие што биле знаат.

12.00 часот се искачивме на врвот Црн Камен (1480 мнв). Одморивме 30 мин, јадевме и уживавме).

12.30 тргнавме кон пештерата на Чичко Спиро. Е тоа беше изненадување за новите членови на Македон. Чичко Спиро има една мала пештера што си ја адаптирал во соба со сите потребни нешта за живот. Внатре има кревет, клупи, масичка, садопер, садови, ќумбе на дрва и еден голем двор во кој има насадено компири, лук и ред други работи. Човекот ни извади клупи и масичка во дворот, па тука јадевме па не послужи од неговите краставици и лукче. Ни свари кафе…….а бе ептен домаќински. Браво бе чичко Спиро. Тука утепавме богами саат и пол можда и поише.

16.30 слеговме во с.Бродец и си купивме кој пиво кој сокче и со пијачките у рака си влеговме у автобусот бр.61 за Скопје.

Прекрасно си поминавме сите, задоволни и ние и чичко Спиро од нас. Посебно важно за оваа тура: се оформи нова секција во нашето Друштво, а тоа е ливадарска секција за собирање чаеви и биљки. Основачи на секцијата се Бојан Мартин и Ивана.

Пишува: Бојан

Назад кон извештаите
  • Vrsnik Step Marketi Velo Helo FPSM Bonita Alga San Alga San Sport Lab ProCredit Bank