Титов врв ноќно 21-22.03.2012

21.03.2012

За време на искажувањето на Остри врв при спонтан разговор со членовите од нашето планинарско друштво, дојдовме до идеа да ја организираме една од најатрактивните планинарски акции „Ноќно“ искачување на Титов врв. На наше огромно задоволство акцијата наиде на поголем одзив од ПК „Македон“.

Според постигнатиот договор точно во 21ч пристигнавме со две коли на Попова Шапка, и тоа членовите: Дуле – водач, Димитар, Петар, Макси, Дејан – Битола, Даре, Дебарлиев, Николчо, Дејан Крле и Илина. Веќе во 21:30ч со комплетна зимска опрема на -2 степени тргнавме од паркингот пред хотелот Шапка во правец на ски-патеките на Церипажина.

Снегот беше добро натапкан што беше добра шанса да ги испробаме дерезите и со умерено темпо пристигнавме до Антени. Потоа по мала пауза чекор по чекор го поминавме врвот Карабунар и во раните утрински часови во 01:30 пристигнавме на врвот Бакардан. Кратката пауза што ја имавме беше исполнета со ноќно фотографирање и уживање во прекрасната глетка на ѕвездите, потоа тргнавме кон главната цел Титов врв. На врвот пристигнавме во 02:30ч и повторно следеше фотографирање и мал одмор.

По собраната енергија почнавме полека да се спуштаме кон Шапка уживајќи во изгревот на сонцето и будењето на денот, пристигнавме на почетната точка во 08:30ч. По пристигнувањето сите ги споделивме нашите импресии и воодушевеноста што ја постигнавме нашата цел и со намера повторно да ја организираме оваа ноќна акција.

Димитар Павловски

Назад кон извештаите
  • Vrsnik Step Marketi Velo Helo FPSM Bonita Alga San Alga San Sport Lab ProCredit Bank