„Титов Врв Скајрејс“ – претставува екстремна високопланинска трка, со вкупна должина на патеката од 20 километри и висинска денивелација од 1.900 метри (искачување и спуштање). Според своите карактеристики, се дефинира како “скајранинг“ натпреварување, а теренот по кој минува е суров и на места каменест. Стартот и финишот на трката се на Попова Шапка на 1.750 мнв, а се искачуваат неколку врвови над 2.500 мнв. меѓу кои и највисокиот на Шар Планина, Титов Врв, со 2.747 мнв. Овој настан се одржува во континуитет од 2019-та година, со веќе реализирани пет успешни изданија, со присуство на домашни и странски натпреварувачи.

Од 2024-та година трката е сертифицирана од страна на ISF – меѓународна скајранинг федерација, а со тоа носи одредени поени.

Трката е и национално првенство и изборна трка во две дисциплини — вертикален километар и класик скајранинг од која се формира и дел од скајранинг репрезентацијата на Македонија која оваа година ќе настапи на европското првенство во Италија 3-6 јули.

“Титов Врв Скајрејс“ е многу повеќе од само спортски натпревар, настанот ги промовира природните и туристичките потенцијали на Национален парк Шар Планина, значењето на природата, планинарството и промоција на планинското трчање преку уживање на бесценети погледи на долините долж патеката.

Опис на патеката: Започнува од пред пансионот “Конак“ на Попова Шапка, се движи по ски-стазата „Церипашина“ до куќарката на крајот од жичарницата, а потоа, по планинарската патека оди до Антени (2.520 мнв). Од таму по гребенот (зимска патека) минува преку Казани, преку Карабунар и го искачува врвот Бакарадан (2.704 мнв) и Титов Врв (2.747 мнв). Враќањето назад е по истата рута, а финишот е пред пансионот “Конак“. Покрај постоечката планинарска маркација (црвено-бела) на оваа патека, од страна на организаторот се поставени и дополнителни црвено-бели ленти. На патеката има две контролни и три освежителни пунктови (Антени 2.520 мнв. и седлото помеѓу Бакардан и Титов Врв на 2.500 мнв., врвот Титов врв 2748 мнв.) каде има обучени контролори и волонтери. Помеѓу станици има и дополнителни волонтери кои шетаат низ патеката, бодрат а во случај на непредвидена ситуација се тука да пружат помош. Дополнително за безбедност на настанот е ангажиран спасителен тим и доктори.

Лимит за финиширање на трката е 7 часа.

НАПОМЕНА: Во случај на неповолни временски услови организаторот го задржува правото за промена на рута, лимит и слично.

На следните линкови ќе може да го превземете водичот за учесници на македонски и англиски јазик.

ВОДИЧ ЗА УЧЕСНИЦИ | GUIDELINES FOR PARTICIPANTS

GPX детали за патеката

Резултати од претходни изданија

Tag Timing
Резултати 2025
Резултати 2024
Резултати 2024
Резултати 2023
Резултати 2023
Резултати 2022
Резултати 2022
Резултати 2021
Резултати 2021
Резултати 2019
Резултати 2019
Резултати 2020
Резултати 2020
  • Vrsnik Sport za site Velo Helo FPSM Bonita Alga San Alga San Sport Lab