Titov Vrv SkyRace претставува планинско трчање до највисокиот врв на Шар планина и назад.
Првото издание се одржа во 2019 година во организација на Планинарски клуб “Македон“ од Скопје. Во соработка со Федерацијата за планинарство на С. Македонија оваа трка претставува државно првенство во скајранинг и изборна трка за настап на ЕП во скајранинг (*во случај на значително менување на трасата поради лоши метео услови, трката нема да го има статусот на државно и изборно првенство).
Стартот и финишот се на Попова Шапка (1750м), а техничките карактеристики на трасата се 20 км со 2000D+ главно по суров терен над 2000 мнв.
Скајранингот е опасен спорт и се одвива на суров високопланински терен. Секој учесник на оваа трка потпишува изјава и учествува на настанот на своја одговорност. Организаторот дава насоки и ќе направи се за што поголема безбедност на учесниците, но не сноси одговорност за евентуални незгоди. Услов за учество се наполнети 18 години на денот на трката.