09.12.2012
По повод “Светскиот ден на планината”, прогласен од страна на Обединетите Нации на 11 декември, во 2003 год. членовите на ПК “Македон” и оваа година учествуваа во акцијата, организирана од Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.
Иако има неколку комбинации за овој настан, се решивме овој пат за подолгата патека Водно – Матка. Тргнавме од вообичаеното место, полициската станица во 9 час. Времето на почетокот беше ладно, а веќе на самиот врв се појави и магла. По кратко собирање со останите членови, продолживме по сртот, кон Матка. Веќе беше доста ладно, дуваше северен ветер и имаше доста снег – вистинска зимска идила. Се движевме умерено, со чести застанувања, уживајќи во убавите пејсажи. На местото наречено Кота, направивме мала пазуа и потоа, полека почнавме да се движиме кон Шишевски манастир.
Околу 13 часот, пристигнавме во ресторанот на Матка, каде имаше многу други планинари. Набрзина каснавме од преубавото гравче, пробавме од грееното вино, и веќе мораше да се враќаме со автобус за Скопје.
Се гледаме и следната година!
Петар
Лина
Назад кон извештаите