Тура на Кораб 10-12 јули 2009

10.07.2009

Еве дојде и традиционалната тродневна тура на Кораб со две ноќевања во шатори. За мене, како и за повеќето учесници беше традиционално прва.

Групата беше спој на младоста и искуството. Супер се надополнувавме во опрема, јадење, облека и разни потребштини. Бевме 13 члена, + едно куче- Жолчко, со многу тежок карактер (отров) кое ни се приклучи од стартот па се до крајот (тоа е истото место).

Временските прилики не кажуваа баш работи кои што сакавме да ги чуеме. Ние сепак верувавме дека ќе имаме добро време. Така и беше  , добро си поминавме.

Во петокот првиот логор кај Караулата го оформивме во веќе подзатемнети услови. Договор кој како ќе спие- решено. Имавме богата трпеза од секаков вид. Кој си спремил од дома, кој сецка салата, кој прави супа, а имаше и поголеми кулинарски зафати. Сали направи леќа со ориз во кари сос.

Во секој случај, сите подеднакво се трудеа да и олеснат на Анета за утрешниот ден и што повеќе да и го испразнат ранецот. Саботното утро ветуваше. Сонце кое не разбуди, а бога ми и лубеница купена од Маврови анови. Неутрализиравме тоа, ја собравме населбата и тргнавме со ранци натоварени до земја. Како полека се качувавме, така и облаците се симнуваа кон нас. Почна да врне полека, а ние се стациониравме во последното бачило по патот. Паднаа предлози таму да преспиеме или некој од накиснатите да остане, но по час- два, дождот престана и водачот на групата, Аце, одлучи да продолжиме сите. По два часа во променливи услови, дождот почна да врне и појача, решивме да го направиме вториот камп на една рамнинка крај патот. Тоа беше нешто подоле од планираното, а на пола пат до врвот Кораб. Со експресна брзина сите шатори беа наместени. Беше 13 и 30 часот и се мислеше што да се прави. Кој мокар, на кого му пропуштиле патиките, кој смрзнал…

Дождот намали со интензитетот, но беше магливо, ладно и дуваше ветар. Тогаш двајца непослушни члена, Сали и Дебарлиев, решија да го качуваат врвот. Се смислуваа разни планови за да им се одмаздиме, но после се испостави дека тие беа единствените кои во многу тешки услови го качија Кораб, а воедно и наша гордост. Баравос.

Во меѓувреме кампот заживеа, се почна со јадење, прошетки и нови познанства. Никола си најде еден пријател- Керим, овчар од Албанија со кој си разменија многу топли збориви кој ниту едниот ниту другиот не ги разбираа. Но, затоа збореа разменетите подароци. Кефир (течност помеѓу јогурт и кисело млеко), тегла лути пиперки, качак со ливчиња и еден парацетамол од 500мг.

Јас понатака и не можам баш да зборам многу што се случувало. Студот ме победи и си легнав кај 15 часот по локално време. Во меѓувреме, знам дека освојувачите биле пречекани со топол оброк приготвен од Марија. Дождот кој интензивно врнел/ше до полноќ некаде, направил природна катастрофа од големи размери на нашиот камп. Имало претумбации, реорганизација од секаков тип. Во тие услови најтешко поминал Аце кој измокрен спиел завиткан во термичка фолија бидејќи вреќата му била мокра. Како ли изгледало тоа?

Сите шатори пропуштиле и биле мокри, освен шаторот на Верче и Никола кои си го прославиле тоа со пржење кобасички во него. И нашиот шатор беше мокар одвнатре, силниот ветар не разбуди едно време. Тоа беше нашето единственото будење. По една слика од приложените можете да видите што видовме јас и Ана кога се разбудивме следното утро.

Ееее, следно утро. Станав во 6 и 30. Шест часот и триесет минути. Имаше магла и беше ладно. Додека гледавме кој како ја преживеал ноќта, не изненадија 4 момци. Тоа беа Иван, Дејан, Дуле и Игор во кратки ракави и ногави. Тргнале на еднодневна до водопадот.

Ние ја расформиравме населбата и некаде кај 8 часот беше прекасно за освојување на врвот, па решивме со цел товар да тргнеме кон водопадот. Патот го знаеа дечките, па со нив тргнавме. Не носеа у врв па надоле по стрмни и тешко пробивни терени од висока трева.< Овој ден веќе беше друга приказна. Прекрасно сонце и ведро небо кое секако ни пријаше. Стигнавме до место од каде што се гледа водопадот. Тој е највисок водопад во Македонија – 130 м и е создаден од вода снежница. Активен е само неколку месеци додека се топи снегот. Ние го фативме пред крајот, во не толку јака форма, со малку вода. Решивме да не одиме до него бидејќи е лош теренот и нема временски да постигнеме. Така се разделивме со нив и уживавме на едни карпи во глетката. Морам тука само да го споменам какаото на Дебарлиев „по рецептот на баба“.

Време за назад. Тргнавме по истиот пат. Кога искачивме еден голем рид сретнавме еден Бач и Овчар со своите овци. А богами и шарпланинци едно 6 ако не беа. Откако се стабилизиравме од овие последниве, Бачот (човек кој го прави сирењето во бачило) не покани кај него во бачило на гости. Така го сменивме правецот и испадна дека тоа е пократка стаза кон назад. Во бачилото имаше овци, коњи, кучиња. Се напивме по една, две, три маштеници, кои убаво ни легнаа, одморивме малку и се изнауживавме. Ни ја покажаа и процедурата на правење сирење.

Се збогувавме со сите тамо. Не очекуваше најтешкото нешто. Со маштеница во стомак да го качиш седлото. Стварно беше многу тешко. Затоа и имаше одмарање горе и полека спуштање. Тука некаде не сретнаа и другите дечки. Да му се заблагодариме на Дејан дека го зема ѓубрето кое го оставивме на вториот камп. По план, требаше да го земеме на враќање, но ја сменивме рутата. Фала Дејан.

Кај караулата се собравме сите пополека…  и толку.

По патот нашето комбе отскокнуваше од сите. 12 јули, сите во братели, кратки ракави со отворени џамови на колите, а ние во џемпери…се враќаме од некаде. 🙂

Да ги поздравиме сите од турата:

Дебарлиев- со викендицата на грбот, очекував уште фритеза да извади

Аце- измрзнатиот

Сали- експерт за врвови и кулинарство

Анета и Ја- поблиските другарки на Жолчко

Маxi- со собраните чаеви и досетките

Снежана- веќе во форма, одличен come back

Дејан- меѓу првите

Драган- сака некој ice tea

Верче- полна кеса чаеви и подложна на грижа од Никола

Никола- носач на авиони и фотограф

Ана- мајне цимер и

Марија- грижлива кон сите


Е, онака нема …

Насловот нема благе везе со викендот кој 13 одважни членови на КПС „Македон“ го изминаа во деновите 11, 12 и 13.07.2009. Ама све си има свое. Е ова ке дојде на ред подоцна.

Петок, 11.07.2009 година во 17 часот, од пред Нова железничка станица тргна комбето за караула „Победа“ на патот кон Кораб. На стартот се најдовме Аце, Анета, Снеже, Искра, Верче, Николчо и ја (Макси), а по пат ги собравме Ана, Драган, Сали, Дебарлиев, Марија и Дејан и расположени со убавото време најпрвин застанавме во Маврови Анови да си доземеме што заборавивме (некој заборавил све!) и неизбежната лубеница или ти бостан, кој по минатогодишната акција си го крчи патот да биде традиционален на масата кај караулата „Победа“. Искра и Анета ми одбраа една, онака осредна, од некојси 8 кила, колку да ме пазат да не ме болат рацете за носење.

По кратка пауза тргнавме кон Стрезимир, се пријавивме уредно кај надлежните ни органи, комбето не остави кај кривината и со првите знаци на темница тргнавме пешки кон караулата. Е многу ви фала Искра и Анета за „лесната“ лубеница. Никој да ми помогне, така да кога стигнавме кај караулата едната рака ми беше за едно 10 цм подолга од другата. Е ке го јадам бостанот иако не ми се јаде. За инат. Инаку морам да напоменам дека по пат видовме еден куп светулки кои мнооогу одамна не сум ги видел во Скопје. Додуше на едно од последните ноќни искачувања на Водно видовме по некоја, ама ова беше рој од нив. Па и патот ни го осветлуваа. Да, за секој случај тоа лубеницата да не ми падне и да не се изгуби.

На платото пред Караулата се створи кампот „Кораб 1“, а малку потоа се нацртавме кај антистресната настрешница на вечера. Антистресна? Па фала Богу, кој има некој стрес ке ја тресна главата во ниската конструкција или салонитните плочи и ке заборави на све, ама главата ке го боли едно два дена. Нели Марија? Ти и ја знаеме добро.

Убава вечера од микс на јадења ни го припреми расположените за спиење и за наредниот ден. Кој сакал макробиотика, кој риба, кој така малку конкретно, салати, супи, кнедли од тенџере или од бетон исто така. Ма све имаше. За салата и ракика не се збори, пошто времето беше после 19 часот кога за малолетници е забрането конзумирање. Додуша контрола ни помина ама куртуливме. Сите бевме со лични карти. Негде околу поноќ засвири трубата за повечерје и се сместивме по шаторите и вреќите. Лаку ноќ децо.

Будењето си дојде спонтано, а за оние, меѓу кои бев и јас, кои станаа малку порано, играта на светлината и сенките беше незаборавна. Фала му на Бога што со нас дојде Николчо Манаки, односно Николче Петров, но што све направи со својот апарат за овие три дена може да му конкурира на Милтон од Битола. Ниџо, пофалби од мене и од сите претпоставувам за се она што го сними преку објективот и засекогаш ни го зачува како спомен. Толку од фалењето, немој у глава да ти удри. Значи на фотките кои следат подолу се она што го опишувам може да се види.

Охо хо, дојде време за мојата слатка освета – го кркнав бостанот. А тој благ се погоди, така да не ми беше жал што го носев. Кеиф ми е што сите беа задоволни а нарочито наградата во вид на блажениот осмех на еден член, ке се препознае на слика.

Си го спастриввме камптот по ранците и го оставивме местото како никој да не бил тамо и тргнавме полека накај кампот број 2. Се наместивме во став за старт натоварени како магариња и тргнавме. И како што ветуваше прогнозата веке во самата шума над караулата не пресретна дожд. Кабаници на глава и преку ранци и некако сите наликувавме на Квазимодо, онака подгрбавени. Да му се невидам тие метеоролози погаѓаат само тогаш кога нетреба. Се засолнивме некојси час во бачилото, барем се окрепивме малку и во една пукнатина од облак без дожд тргнавме нагоре кон седлото, па од тамо повторно со кабаници (наградно прашање зошто пак ги ставивме) налетавме на базниот логор „Кораб 2“. Малку подоле од планинараното но дожтод не натера да интервенираме побрзо. Повторно седум шатори за 13 одважни авантуристи и по малку (повке) мокри и повторно мокри. Па ја мислам дека немаше човек кој во кондурите немаше некоја кесе. Да бидам искрен на цена беа оние поголемите од Тинекс, Веро и слично.

Ај си викаме да го искористиме моментот што врене па као да се одмориме по шатори, ама моментот се оддолжи.

Абе ке се отрујам! Како можев до сега да не го спомнам Жуќко. Едно куче кое ни се „закачи“ од карулата и не не напушти до крај. Немаше човек кој макар и малку не беше награден со неговото внимание, а најповеке ги сакаше Марија и Искра. Дерман немаа од него.

Да не биде денот празен, без искачување, Сали и Дебарлиев се искачија до врвот Кораб. Ние останатите си навоѓавме некоја занимација околку шаторите и во нив правејки мезе и ручек и одења на гости со гамашни под ноги?! Да под ноги а не на нив. Некако повеке ми личеа на крпљи отколку на кондури. Да не бидам досаден и се повторувам дека вренело па преврнело, ке кажам само дека тоа се повтори едно 15 илјади пати се до утрото. Некои си легнаа во 15.00 часот и си станаа другото утро, некои си правеа ручоци и слично, а некои пливаа. Не сум видел некој толку брзо да го напушти шаторот како Аце и ја кога ни се поплави шаторот. За две секунди во нашиот „кораб“ сместивме еден куп ранци (а нашите останаа надвор?) и се бутнавме кај комшиите. Аце во фолија сигурно личел на свилена буба, а ја … хе хе хе, па Аце друже ја го саботирав намерно шаторот само да се сместам меѓу две женски. Мала соба два са два и ние тројца. Весело во секој случај. Ја мислам дека можевме да се пријавиме за светско првенство во синхроно вртење. Леле, ова ке биде долго попладне и ноќ… Не утепа дожд, не престана се до рано утро. А утрото за дивно чудо дојде брзо.

Го растуривме кампот и со четворицата кои пристигнаа утрото, Иван, Дуле, Игор и Дејан, тргнавме кон водопадот на Длабока Вода. Со Иван напред се префливме преку седлото надоле, и надоле и надоле. Ма ова надоле не ке да е добро пошто после има нагоре и нагоре. Но за она што ни се отвори како поглед кон кањонот на Длабока Вода и кон водопадот вреди све. Ма Кораб је прекрасен, ја го обожавам. Никола фала ти за сите овековечени слики на флората со која изобилува оваа планина. Како во рајска градина само наместо ангелчиња ние шетавме по таа убавина. Од една испакната карпа се отвори поглед кон тој водовопад кој за жал немаше баш многу вода така да тој детаљ му ја намали големинта.

Дојде време за назад. Веке бевме спремни да се качуваме кон седлого на врв од небото, кога еден овчар ни рече дека ке ги скратиме сите тие маки ако покрај старата и разрушена летна караула отидеме по пат до бачилото „позади“ седлото и се искачиме на истото седло. По пат си собиравме мајчина душичка, некој планински чај и уште нешто во вид на цвеке.

Еееее, сега сме кај насловот. Тоа у ствари е најголем бисер на оваа тура. Конверзација помеѓу мене и бачот одеше овака:

ЈА – Има ли некој извор со вода тука покрај патот?

ТОЈ – Да има, а зошто?

ЈА – Онака.

ТОЈ – Е онака нема.

ЈА – ?!?!?!?!?!?!?!?!?!?!?!?!?!?!

Нема везе. Е тој човек ни ќари бајаги одење угоре и удоле. Во бачилото кадешто тој беше БАЧ не понудија со кисело млеко (јогурт) од овца, фала му много за тоа, и не освежи за последното качување кое го совладавме за половина час.

На самото седло уште малку одмор, време имавме, се симнавме до караулата, малку се одморивме и точно во 18 часот кај мостот под караулата дојде комбето да не врати во цивилизација. Зад нас оставивме иста состојба како што ја затекнавме, сето ѓубре го собравме во кеси и ке со него ке украсиме некој контејнер во Скопје. Аце, многу мудро дете, нарача пивце ладно со комбето бидејки залихите со вода ни беа на крај. Добро дојде, уф. Браво Ацика.

За мене оваа акција беше супер иако кождот ни ги скрши плановите, но тоа си е планина. Раположението беше одлично. Големо благодарам и пофалби до сите учесници, посебно до оние кои беа, можеби со послаба кондиција, бидејки нивниот напор и упорност беше дупло поголема да се изоди сево ова. Ниџо ај пак да те пофалам, фала за прекрасните фотки. Поздрав и до Жуќко, се надевам ке не памти до следниот пат.

Пишува: Искра

Назад кон извештаите
  • Vrsnik Step Marketi Velo Helo FPSM Bonita Alga San Alga San Sport Lab ProCredit Bank