30.04.2011
С. Клечовце (кумановско) – с. Коњух – па кон Куклици (кратовско)
Активностите на членовите на КПС „Македон“ се шират и на други полиња освен на планинарењето. Така овој викенд една група уживаше во рафтингот на реката Тара, а една помала група со велосипеди ја истражуваше историјата на кумановскиот регион.
Воден од натписите за знаменитостите на Цоцов Камен како и за ископините кои архелози ги спроведуваа кај карпите до Крива река, Мартин даде преглог за мала велосипедска екскурзија на тој дел. За друштво се пријавивме уште Дејан, Искра, Ивана, Бојан, Макси и нормално Мартин.
Наоружани со велосипеди со две коли во договорено време тргнавме од Скопје се до с. Клечовце, кумановско, каде колите ги заменивме со друго превозно средсво, во овој случај примарно и водени од ГПС-то на Мартин се упативме кон с, Коњух.
Патот од асфалт полека пимина во „црн пат“ добар за возење и уживање во зелените пајсажи. Преку мостот на Крива Река ги одминавме карпите кај кои биле вршени ископувања и истражувања од археолози кои за наше разгледување ги оставивме за враќање. Возевме право кон с. Коњух од каде намерата ни беше Цоцов Камен.
До селото се стига со асфалтен пат кој го спојува ова село со Кратово. Село во кое може да се видат скоро сите домашни животинки а и да се проба убаво козјо сирење а за скоро време и ливадски мед. Домаќинот, Бошко, не почасти се сиренце и ни покажа материјали од ископувањето на месниот локалитет на кој тој учествувал покажувајќи ни опсежна литература и слики. Исто така ни одржа предавање за изработка на домашни кошници за мед.
По стазата која води низ средина на житното поле стигнавме до Цоцов Камен. Импозантна карпа во која има еден куп издлабени површини кои како скали водат до самиот врв. Таман време за одмор и уживање во погледот од карпата на околината.
Мала дилема ни беше дали да одиме по асфалтот кон Кратово па од тамо кон Куклици, или да ги посетиме и другите карпи и пештери а кон Куклици да одиме по макадам по трасата на железницата. Оваа втора варијанта ни се виде поинтересна.
Патот покрај трасата на новата железничка линија во секој случај ни пружи повеќе возбуда но малку се преценивме во однос на водата за пиење. Иако времето беше ама баш она летно, топло дури и жешко, мислевме дека во попатните населби од Шопско Рударе ќе наполниме вода за пиење, истите населби стално некако ни остануваа од пат, се до куќата на Тоде и Фима кои не почастија со вода од нивните туби и не насочија на кое место може да наполниме свежа и ладна вода.
Малку по малку, ридче преку ридче, времето си одеше. Патот стануваше се покаменит и по малку потежок за возење но тоа и го баравме. Бидејки времето за враќање се зближуваше поради обврските на некој од нас, целта беше делумно завршена. Имено по одминувањето на вториот тунел во далечина ги видовме Куклици, но проценката беше дека ќе ни земе сигурно повеќе од час и половина (натаму – наваму), едногласно решивме да се вратиме назад кон колите, а оваа преостаната делница до Куклица да ја извозиме во најскоро време.
Враѓањето назад ни преставуваш право уживање бидејќи одевме право кон стартот во веќе извозена делница. Гледајќи од таа перспектива следното возење треба да биде доста порелаксирано без вртење по други локации. Самата туричка измина супер, со само еден дефект (дупната гума) кој доста брзо го средивме во пит – стопот. Освежени со ладна вода кај „тополчики“, кај колите стигнавме во 17.00 часот. Се на се возење ни се фати околу 6 часа и околу два часа културно историско разгледување. Налетавме на едно стадо овци со еден куп лоооши кучиња, но добро поминавме во тој поглед.
Бидејќи целта не беше досегната, овој прекрасен предел ќе го извозиме повторно до самите Куклици, така да таа тура треба да биде наградена во с. Стрновац и мала купка во тамошната бања.
Макси
Искра
Назад кон извештаите