Врв Красна

15.02.2010

Утринското февруарско сонце ја разгалуваше патеката од село Горно Количани кон месноста Красна на планината Китка на досега најмногубројната прошетка во организација на КПС Македон. Учествуваа 27 планинари.

Иако зимското сонце брзо беше покриено од облачното небо, неверојатните глетки кон планинските побелени венци на Шар Планина, Кораб, Караџица, Јакупица и Голешница речиси ни беа на дофат. Со јасните снежни височини пловевме низ времињата. Китка во зима е незаборавна. Полустопениот снег на ливадите ја најавува пролетта, а веќе и кокичињата и качунките полека се будат. Гордо исправените букови дрвја трпеливо ја чекаат својата нова облека. Кривулестата снежна патека не доведе до врвчето Красна. Уште еден поглед кон блиските далечини чиишто ледени врвови го допираа небото. Денот мина, а не забележавме.

П.С. Благодарност до сите учесници во дружбата. Посебно за високиот степен на убаво однесување и исклучителната дисциплина. Браво за девојките за дополнителната убавина.

Никола

Назад кон извештаите
  • Vrsnik Step Marketi Velo Helo FPSM Bonita Alga San Alga San Sport Lab ProCredit Bank