Забава на Бегово поле 2010

18.06.2010

18,19 и 20 јуни 2010 година се одржа нашата традиционално најголема тура, Забава на Бегово поле. Во турата учествуваа 156 ученика кои беа сместени во домот Караџица и во шаторската населба во дворот на домот.

Искачувањето на Солунска глава беше неочекувано масовно и истата ја искачија 47 планинари и рекреативци од 60-те мината кои тргнаа кон таа цел. За поздрав е овој подвиг и им честитаме на сите кои ја искачија и особено оние кои за прв пат го направија тоа.

Другата група, според планот се упати кон Бегово поле кај 7 часот. Патиштата ни се сретнаа токму тамо. Имаше и многу други вљубеници во планината кои на разни начини пристигнаа на полето дента, за забавата. Планинари, кросери, четвороцикли и малку велосипеди иако времето баш и не се погоди. За цело време облаци беа над нас, одвреме навреме заврнуваше и дожд. Дуваше силен ветер кој го оневозможи настапот на Скаптома, па затоа музика одекнуваше од еден многу добро опремен џип : ), а сиврката ја поместивме за вечерта во домот.

Поради влошувањето на временските прилики, престојот на Бегово ни беше скратен, па така место во 16, околу 13 часот тргнавме наназад кон домот Караџица. Бидејќи на патот до Бегово и назад имавме поддршка од еден камион и камионет, голема заинтересираност имаше за нив, но и многу тргнавме пешки. За среќа времето се отвори, па сонце не грееше на пат до домот. Прекрасна прошетка и многу прекрасни фотографии по пат.

Во Караџица навреме дојдовме сите. Навреме бидејќи почна да дува силен ветер и почна да врне пороен дожд. По 3 часовниот одмор за јадење и дремка, некаде кај 19 и 30 часот дојде време и за свирката. Таа беше одлична, весела и разиграна. Беше прекината бидејќи снема струја поради силното невреме. Но и тоа не беше доволно. На терасата сите бевме сведоци на light show- то кое ни го приреди небото. Толку многу громови пред нас, волшебна глетка.

Во меѓувреме продолжи акустична свирка, а кога се пододалечија громовите, бендот, овој пат приклучен на агрегат продолжи со свирка до доцна во ноќта.

Така помина се. Неделата исто не потсети на дождот за кратко, колку за поздрав до следната година, а од друга страна и видовме како е и вака, не како сите претходни години на Бегово, само сонце.

Искра

Назад кон извештаите
  • Vrsnik Step Marketi Velo Helo FPSM Bonita Alga San Alga San Sport Lab ProCredit Bank