27.02.2010
Во организација на алпинистичката секција на КПС Македон се реализираше првиот зимски алпинистички тренинг на Попова Шапка.
Како што беше планирано, една од главните цели на тренингот беше зимско логорување во шатори и бивак.
Веднаш по пристигнувањето започнавме со местењето на шатори (меѓу кои и еден голем-базен шатор, кој бил користен во првата Македонска алпинистичка експедиција на Хаускаран) и потоа исто така се ископа и еден прекрасен бивак.
Вечерта се распоредивме за спиење Јове, Ивана и Тања во големиот шатор, Аце во посебен шатор и Дејан и Дарко кои, имаа чест да спијат во бивакот.
За жал, од здравствени причини двајца од нашите учесници ноќта ја поминаа во планинарскиот дом Смрека ( Пајо и Шаго ). Утрото, по раскажувањето за тоа кој како ја поминал ноќта, по картки припреми како што беше планирано се упативме накај врвот Церепашина и тоа не по вообичаениот пат туку вежбавме и движење по стрмен терен со дерези и цепин и исто така симнување на ист начин. Нормално како што беше и планирано стигнавме и до месноста антени.
За крај ја направивме и последната вежба, евакуација од срушен бивак.
Атанас Стојковски
Тања, Дарко, Пајо
Назад кон извештаите